Во Рио убиен „господарот на војната“, бандите со брутална одмазда: Градот гори, полицијата на нозе!

Сподели со своите пријатели

Членови на криминална банда запалија 35 автобуси и воз во Рио де Жанеиро, парализирајќи делови од бразилскиот град, откако еден од нивните водачи беше убиен во полициска рација.

Loading...

Гувернерот Клаудио Кастро изјави дека е убиен шефот на криминалната група позната како Зињо и „Господарот на војната“ и дека полицијата ѝ нанела тежок удар на една од најголемите криминални групи, пренесува RTL Today.

 

 

Најголеми конфликти има во западниот дел на градот, каде криминалните групи се борат за територијална контрола.

После тоа полицијата уапсила 12 лица осомничени за терористички акции, а градските власти прогласиле тревога, пренесува Дневник.хр.

 

Loading...

 

Криминалните банди во Рио често се составени од сегашни и поранешни полицајци и станаа една од најголемите безбедносни закани во регионот.

Првично основани како одбрана за сиромашните населби опустошени од нарко бандите, тие сега се претворени во криминални банди.