Во регионот на Луганск се отвора хуманитарен коридор

Сподели со своите пријатели

Хуманитарниот коридор за евакуација во Луганската област ќе биде отворен денеска, најави регионалниот гувернер Сергеј Гајдеј.

Loading...

Тој рече дека руските сили се согласиле да дозволат евакуација на населението од неколку градови во регионот по девет часот по локално време, но не наведе каде ќе одат тие луѓе, пренесе Би-би-си.

 

Русија тврди дека користела хиперсонично оружје во Украина

 

Гајдеи објави на Телеграм дека Русите продолжуваат да гранатираат градови.

„Чекаме во 9 часот наутро, кога треба да се воспостави „режим на молк“, да започне евакуацијата на жителите од регионот, да им донесеме храна, вода и лекови на оние што ќе останат“, рече тој.

Тој додаде дека хуманитарниот коридор е договорен на високо ниво и изрази надеж дека Русите ќе го почитуваат.

Loading...