Во ракетен напад загинаа повеќе од 70 украински војници

Сподели со своите пријатели

Украинските власти потврдија дека најмалку 70 војници загинале во руски ракетен напад врз нивната воена база.

Loading...

Нападот се случи синоќа во Охтирка, во регионот Суми, кој во моментов е под опсада на руските сили.

Утрово спасувачите и итните служби се уште вршат увид на урнатините обидувајќи се да најдат преживеани.

Украинскиот парламент им оддаде почит на војниците, а пишуваше и дека војниците загинале од проектили од Градот.

„Вечна слава на хероите на Украина“, напишаа од Парламентот на Твитер.

Според сателитски снимки, руските војници напредувале кон главниот град. Рускиот воен конвој кој се движи кон Киев сега е долг речиси 64 километри.