Во поплавите во Кина загинаа 30 лица, а 80.000 се евакуирани во Пекинг

Сподели со своите пријатели

Во обилните дождови и поплави што ја погодија северна Кина, 30 лица загинаа, а повеќе од 80.000 беа евакуирани во Пекинг, објавија денес државните медиуми.

Loading...

Обилни дождови ја погодија кинеската престолнина и северните провинции Хебеј, Џилин и Шандонг, оваа недела.

„Најновата серија силни бури уби 30 лица во Пекинг до полноќ во понеделник“, објави официјалната новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на градскиот центар за контрола на поплави.

Поради бурата, 80.332 лица се моментално евакуирани, објави локалниот весник Пекинг Дејли на платформата WeChat.

Весникот наведува дека екстремно обилните продолжени дождови предизвикале големи катастрофи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешниот претседател на Колумбија осуден за поткуп и злоупотреба на судските процеси

Се додава дека десетици патишта се затворени и дека повеќе од 130 околни села се без електрична енергија.

Граѓаните се предупредени да не одат во ризични зони освен ако не е апсолутно неопходно.

Синоќа, кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика властите да го забрзаат згрижувањето на луѓето во областите што се изложени на ризик од поплави.

Loading...

Владата издвои 350 милиони јуани (42 милиони евра) за спасувачки операции во девет региони погодени од обилни дождови, објави денес CCTV.

Само за Пекинг е издвоен посебен износ од 200 милиони јуани (24 милиони евра), додаде јавната телевизија.

Во покраината Хебеј, која го опкружува главниот град, четири лица загинаа, а осум се водат како исчезнати во свлечиште во село во понеделник, објави телевизијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Конго продава скапоцени дождовни шуми за истражување на нафта и гас

Властите издадоа предупредување за ненадејни поплави кое е во сила до вечерва. Највисоко ниво на тревога е издадено за регионалниот главен град Ченгду и околното подрачје.

Природните катастрофи се чести во Кина, особено во текот на летото, кога некои области се погодени од обилни дождови, додека други се погодени од интензивна топлина.

Кина е најголемиот светски емитер на стакленички гасови кои, според научниците, ги забрзуваат климатските промени и ги прават екстремните временски настани почести.

Кина е исто така водечки играч во секторот за обновлива енергија и има за цел да постигне јаглеродна неутралност до 2060 година.