Во понеделник со почеток во 10 часот започнува шеесет и треттата седница на Советот на Општината Куманово, на која советниците ќе расправаат по 18 точки на дневниот ред, меѓу кои и програми за работа на јавни претпријатија, но и по годишниот извештај на Општина Куманово за 2016 година.
Loading...
-
Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2016 година;
-
Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2016 година на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово;
-
Предлог –Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2016 година;
-
Годишен извештај на Општина Куманово за 2016 година;
-
Предлог – Одлука за утврдување на цени за користење на тениски терени „23 Октомври“ во Куманово;
-
Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2016 – 31.12.2016 година;
-
Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2016 година;
-
Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2016 – 31.12.2016 година;
-
Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2016 – 31.12.2016 година;
-
Извештај за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2016 – 31.12.2016 година;
-
Предлог – Програма за дополнување на Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово 2015 – 2017;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4125/2, м.в. Донков Млин КО Куманово – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4075, м.в. Велешки пат КО Куманово – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1087, КП 1088 и дел од КП 4562 м.в. Вртача КО Довезенце – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2985 м.в. Јогупка КО Орашац – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1935 м.в. Река КО Горно Којнаре – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП- ЛЦ (Локален центар) во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ 11-ти Октомври, дел од УБ 38 за КП 9458 – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2017 година
Седницата можете да ја проследите со директен пренос од 10:15 часот на локалната Телевизија „ПЛУС“.