Поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, ЕВН Македонија известува дека во понеделник поголем дел од градот ќе биде без напојување во одреден временски интервал.
Како што стои во извештајот на РЦУК, во период од 09:30 до 15:30 часот прекини во снабудавањето ќе има во селата Матејче, Виштица, Никуштак, Слупчане, Оризаре, Алашевце, Руница Извор и Белановце.
Во период од 10:00 до 13:00 часот привремени планирани прекини ќе има на дел од улиците „25-ти Февруари“, „Пелинска“, „Панче Пешев“, „Октомвриска Револуција“, локалитет Табакана, како и улиците „Наум Охридски“ и „Фетка Наскова“, стои во известувањето од Регионалниот центар за управување со кризи.