Во понеделник ќе бидат прогласени најдобрите ученици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Првенците на генерацијата за учебната 2023/24 година свечено ќе бидат прогласени во понеделник во Занаетчискиот дом во Куманово.

Loading...

Настанот кој ќе започне во 12 часот е во организација на Здружението на просветни работници од Куманово.

За разлика од минатите години кога тоа се правеше на „Свети Кирил и Методиј“, годинава манифестацијата е закажана за еден месец подоцна со цел да се има поконкретна слика за тоа кои се најдобрите ученици.

Од страна на Општина Куманово најдобрите основци и средношколци од сите училишта во градот ќе добијат симболични награди и признанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец починал откако паднал пред стадион

Никола Ивановски