Во понеделник без струја поголем дел од Куманово и околината

Сподели со своите пријатели

Голем дел од Куманово и околните села во понеделник ќе останат привремено без струја поради планирани прекини од страна на ЕВН.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Тоде Думба“, „Теофан Економов“, „Драган Стопаревиќ“, „Панчевска“ и „Никшичка“.

Во период од 08:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ке останат дел од корисниците од селата Сопот, Воиновиќ и Табановце.

Планирани прекини од 11:00 до 13:30 часот ќе има за дел од корисниците од улиците „Драган Стопаревиќ“, „Васил Драгомански“ и „Стојан Арсов“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Државјанин на Холандија заврши во болница откако бил претепан во Куманово

Без струја во период од 08:00 до 14:30 часот ќе останат дел од корисниците од населбата Иго Тричковиќ, Тромеѓа, Младо Нагоричано (Багремов Цвет, Азмак, Мајорово Трло, Зебрњак каменолом) и селото Слатино.

Во текот на денешниот ден пак во период од 11:00 до 13:00 часот прекини ќе има кај дел од корисниците од улиците „Стојан Арсов“, „Тоде Думба“, „Драган Стопаревиќ“ и Васил Драгомански.

Во период од 07:45 до 10:00 часот прекини ќе има на улицата „Иво Лола Рибар“

Никола Ивановски