Во Полска пронајдени стотици отпечатоци од диносауруси

Сподели со своите пријатели

Стотици отпечатоци од диносауруси, толку добро сочувани што може да се види дури и отпечаток од лушпеста кожа, се пронајдени во Полска, што дава увид во сложениот еколошки систем кој постоел пред околу 200 милиони години, велат геолозите.

Loading...

Фосилизирани траги и коски се пронајдени во отворен рудник за глина во Борковице, 130 километри јужно од Варшава.Полскиот институт за геолошки истражувања соопшти дека откритието е вредно, пренесува Ројтерс.

„Во отпечатоците што ги оставиле диносаурусите, можете да го прочитате нивното однесување и навики… имаме отпечатоци од диносауруси кои трчаат, пливаат, одмараат или стојат“, вели геологот Гжегож Ниџведски

Кои се индициите

Најголемиот пронајден отпечаток е долг 40 сантиметри, а научниците веруваат дека му припаѓа на месојадниот диносаурус. Отпечатокот на кожата, во многу случаи, може детално да се види.

Научниците пронајдоа неколку стотици траги од диносауруси, кои вклучуваат најмалку седум видови. Тие мислат дека ќе најдат повеќе траги од древни животни.

Откриле и делови од животински и рибини коски.