Во Полска над 1,89 милиони бегалци од Украина

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 1,89 милиони луѓе побегнале од Украина во Полска од почетокот на руската воена операција, соопшти денеска полската гранична служба.

Loading...

Повеќе од половина милион луѓе можеби веќе ја напуштиле земјата, изјави Мациеј Душчик, професор по истражување за миграција на Универзитетот во Варшава, пренесува Би-Би-Си.

 

Столтенберг: НАТО е обединет во поддршката на Украина

 

Како што е наведено на Твитер, само во вторникот границата ја минале 66.600 лица, што е за седум отсто помалку од понеделникот.

Повеќето бегалци заминале во големите градови, вклучувајќи ги Варшава, Краков и Вроцлав, кои се борат да се справат со бројот на бегалци, наведува Би-би-си.

 

Loading...

Кремљ: Украина треба да биде како Австрија

 

Исто така, портпаролот на германската влада Стивен Хебестрајт изјави дека во таа земја досега се регистрирани околу 175.000 бегалци од Украина, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека бројката може да биде и поголема бидејќи нема обврска за пријавување при влез во земјава.