Во питон пронајдени останки на исчезната Индонезијка. Ја проголтал цела

Сподели со своите пријатели

Остатоците од жена се пронајдени во питон долг 6,7 метри во Индонезија, изјави полицијата за индонезискиот CNN.

Loading...

Огромната змија цела ја проголтала 54-годишната жена, идентификувана како Јахрах.

Потрагата по жената е започната откако во неделата не се вратила од плантажата во провинцијата Џамби.

Нејзиниот сопруг ја пребарал областа и ги нашол само женските сандали, јакна, шал и нож, изјавил началникот на полицијата, пренесува New York Post.

Остатоци од жена пронајдени во питон

Сопругот утредента се вратил во истото место и налетал на огромна змија чија среден дел била отечена, па се видело дека изел нешто големо, соопшти полицијата.

На ViralPress беше објавено видео на кое се гледа како човек внимателно користи гранка за да ја закачи главата на питонот, а потоа други го удираат по отеченото место.

Вознемирувачката снимка потоа покажува како локални луѓе го сечат питонот за да откријат дали проголтал жена.

„Запрепастени сме, се испостави дека жената што ја баравме била во стомак на змија“, рекол еден од очевидците, пренесува „Њујорк пост“.

Loading...

Полицијата вели дека змијата најверојатно ја каснала жената, а потоа ја задушила завиткувајќи се околу неа пред да ја проголта. Тие проценуваат дека веројатно биле потребни најмалку два часа.

Полицијата вели дека мештаните се загрижени дека во шумата има уште поголеми змии од овој питон.

Снимките може да ги погледнете ТУКА, но предупредуваме дека можат да бидат вознемирувачки.