Во петок 10. седница на Совет на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Девет точки ќе се најдат на дневниот ред на 10. седница на Советот на Општина Куманово која е закажана за во петок.

Советниците треба да донесат Предлог – Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – во објектот „Детелинка“ лоциран на ул. „Кирил и Методиј“ бр. 1 односно во просториите на поранешниот Пионерски дом.

На дневен ред ќе се најде и Предлог – Одлука за давање на согласност за апликација и реализација на проектот „Зајакнување на туристичкиот потенцијал во Куманово и Ќустендил преку модерна визија за регионите“, а ќе се расправа и по Предлог – Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општината Куманово.

Советниците ќе треба да се произнесат и по повеќе предлог одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација за повеќе парцели.

Leave a Reply