Две интервенции се забележани во изминатите два дена од страна на Територијалната противпожарна единица Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Имено во среда околу 19:45 часот во атарот на селото Пчиња била запалена куќа и неколку помошни простории. Шест пожарникари од ТППЕ Куманово веднаш излегле на терен и пожарот успеале да го локализираат дури во 23:25 часот. Причина за пожарот е непозната, а висината на материјалната штета се проценува на околу 300 илјади денари.
Во друг случај пак вчера наутро горел оџак на сендвичара, односно кафеана лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“, при што во период од 4:25 до 4:55 интервенирале едно противпожарно возило и четворица пожарникари.
фото: архива