Во озогласениот затвор на Асад пронајдена справа за мачење: Под затворот заробени 100.000 луѓе!

Сподели со своите пријатели

Откриена е „железната преса“ која наводно се користела за да ги скрши и егзекутира затворениците во озлогласениот затвор Седнаја на сирискиот претседател Башар ал Асад, според новите видеа споделени на интернет додека бунтовниците ги ослободуваат затворениците.

Loading...

Озлогласениот затвор во близина на Дамаск го доби прекарот „кланица на луѓе“ што значи место кое се користи за грозоморно мачење, егзекуции и кршење на човековите права од страна на режимот на Асад, кој сириските бунтовнички сили го соборија викендов.

Амнести интернешенел тврди дека десетици луѓе тајно се егзекутираат секоја недела во Седнаја, проценувајќи дека меѓу 2011 и 2016 година биле убиени до 13.000 Сиријци.

Сириските бунтовници сега се во трка со времето за ослободување на илјадници затвореници, наводно, заробени во тајни ќелии закопани длабоко под затворот.

 

 

Иако бунтовниците веќе ослободија многу од неговите жители, се вели дека илјадници се затворени во затворени ќелии неколку ката под главната затворска зграда.

Loading...

Овие нивоа се заклучени со специјални механизми со електронски тастатури и се вели дека се достапни само преку лавиринт од тунели, пишува Daily Mail.

Руралниот гувернер на Дамаск тврди дека затворениците можат да се видат на видео надзор, но постојат стравувања дека наскоро би можеле да се „задушат“ доколку ќелиите не се вентилираат.

Властите дадоа бројка од 100.000 заробени под затворот, иако тој број не е потврден.

Сириската група за цивилна одбрана, Бели шлемови, на социјалната мрежа Х објави дека распоредила „специјализирани тимови за итни случаи“ помогнати од водич запознаен со распоредот на затворот за да им помогнат на бунтовниците да ги ослободат затворениците.

На социјалните мрежи кружи видео, кое го објави и Ал Џезира, на кое се гледаат обиди за пристап до долните делови на затворот.

На видеото се гледа како човек користи метален столб за да пробие ѕид, откривајќи темен простор зад себе.

Други снимки покажуваат ослободување на затвореници, вклучително и мало дете кое било приведено со неговата мајка.

На видеото од ослободувањето на жените, објавено од Турското здружение на притворени и исчезнати во затворот Седнаја (АДМСП) може да се види дете.

Loading...

„Падна. Не плашете се“, се слуша глас на видеото кој се обидува да ги увери жените дека сега се безбедни.

 

 

Видеото потврдено од АФП покажува како Сиријци брзаат кон затворот со надеж дека меѓу ослободените ќе најдат свои роднини.

Седнаја стана симбол на најлошите форми на злоупотреба под режимот на Асад, каде што илјадници приврзаници на опозицијата беа мачени и егзекутирани.

За време на граѓанската војна, која започна во 2011 година, владините сили затворија стотици илјади луѓе во кампови каде, според групите за човекови права, тортурата беше вообичаена практика.