Лондон го надмина Њујорк по бројот на милионери во долари и стана првиот град во оваа категорија во светот, според годишното истражување за најбогатите луѓе во светот од страна на агенцијата за недвижнини Најт Франк.
Скоро 875 000 граѓани на Лондон имаат повеќе од еден милион долари, пренесува Танјуг.
Големиот јаз меѓу населението
Ова практично значи дека секој десетти жител на главниот град на Велика Британија е милионер, што покажува дека постои голема разлика меѓу жителите, бидејќи повеќе од 2,5 милиони граѓани на Лондон живеат во сиромаштија (28 проценти), покажаа владините податоци.
Студиски извештај покажува дека 874.354 луѓе имаат недвижен имот, скапоцености и пари повеќе од 1 милион американски долари, додека во второ рангираниот Њујорк има околу 820.000.