Во овој град платите се 1.200 евра, киријата само 15 евра, а криминалот не постои (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мариналеда е мал град во Андалузија, на самиот југ од Шпанија.

Loading...

Иако и самата географска положба оваа гратче го става на листата посакувани дестинации за живот, она што навистина го прави посебен е фактот дека тука нема полиција ниту криминал, платите изнесуваат околу 1.200 евра, а киријата само 15 евра.

Жителите на Маринелада без грижи ги истакнуваат своите политички уверувања. Во градот нема светлечки реклами и огласи, а ѕидовите на улиците ги красат графити со политички пораки.

Улиците носат имиња на познати борци за човекови права, а сите одлуки во градот се носат по демократски пат на неделни состаноци. Додека остатокот од Шпанија мака мачи со невработеноста, во Маринеледа има скоро целосна вработеност. Просечната плата е 1.200 евра месечно.

Еднаш месечно во градот се одбележува т.н. „црвена недела“, кога некој на состанокот изнесува идеја за тоа како градот да стане уште подобар и поубав. Ако идејата е прифатлива, волонтери ја завршуваат работата. Некога станува збор за чистење улици или за поправка на куќи. Градот има своја телевизија и радио канали, полиција не постои, а нема ниту криминал.

Во градот жителите сами градат куќи, а право на градба добиваат сите жители кои најмалку две години минале како регистриран жител на Мариналеда. Тогаш од локалните власти добива медал потребен за изградба на куќа, а дури откако ќе ја изгради, ќе плаќа 15 евра месечно на владата за да се рефундираат трошоците за користениот материјал. Освен тоа, властите на помош испраќаат и професионални градежници и архитекните, кои погаат во изградбата. Меѓутоа, еднаш изградените куќи не можат да се продадат, со што се спречува можноста за профитирање.

Loading...

Градоначалникот на Мариналеда го искористил својот имунитет за да учествува во големи акции за кражба на храна од супермаркети која потоа ја поделил на сиромашните, додавајќи дека е срамно што 30 отсто од жителите на Андалузија немаат леб додека истовремено храната во супермаркетите се фрла.

Гратчето кое по свое потекло и борба против капитализмот привлекува внимание на многумина, исто така претставува совршено место за живот. Интересот за вселување е толку голем што е воведена дури и листа на чекање.

https://youtu.be/ksg_ofGgjKg

Leave a Reply