Луѓето почнале да консумираат алкохол пред неколку илјади години, а и денес оваа навика опстојува во голем дел од светските култури.
Според Светската здравствена организација, ова се петте земји со најголема потрошувачка на алкохол во светот за една година.
Чешка -14,26 литри
Според Светската здравствена организација, Чешка е водечка земја во однос на литри консумиран алкохол по глава на жител.
Секако, омилен пијалок на Чесите е пивото, а првата пиварница е изградена во градот Пилсен, кој се наоѓа на 100 километри југозападно од Прага.
Латвија – 13,19 литри
Жителите на една од трите балтички земји се втори најголеми потрошувачи на алкохол во светот.
Најчесто консумирани пијалоци се билниот ликер Рига црн балзам, вотка и пиво.
Молдавија – 12,85 литри
Земјата, која граничи со Романија и Украина, има долга историја на производство на вино.
Овде сепак ќе пиете одлични вина за релативно малку пари. Други пијалоци со кои се гордеат Молдавците се туика и вестина.
Германија – 12,79 литри
Најнаселената европска земја е многу љубител на добри пијалоци. Кога ќе го спомнеме пивото, еден од синонимите е Германија, а особено јужниот регион Баварија, каде што се одржува и Октоберфест. Но, без разлика дали ќе дојдете за време на најголемиот фестивал на пивото или не, добро пиво ве очекува низ цела Германија.
Литванија -12,78 литри
Меѓу првите пет се и две балтички земји, а Литванија го зазеде петтото место. Овде алкохолот најчесто се ужива во пивото, но и во домашните ракии и ликери, познати како квас, самана и старка.
Колку алкохол пијат Македонците?
Македонија е сепак некаде далеку од нив, со оглед дека статистиката вели дека Македонците пијат околу 6,43 литри по глава на жител годишно.