Свадба во Шпанија во просек чини речиси 22.000 евра, а во однос на тоа земјата е на врвот на светот.
Меѓу 14-те анализирани земји, Шпанија е на второто место по цена на свадба, по САД, пишува Ел Паис.
Во Франција просечната свадба чини 16.500 евра, во Англија речиси 18.000, во Италија 21.000, а во Канада 20.500 евра.
Весникот посочува дека овие земји имаат речиси сите економски показатели подобри од Шпанија и дека трошат помалку на свадби.
Професорот по социологија на Универзитетот во Гранада, Луис Ајусо Санчез, ова го објаснува со традиционалната улога што ја имаат свадбите, а тоа е зајакнување на семејните врски.
Според него, во медитеранските земји општествата се повеќе ориентирани кон семејството отколку во Северна Европа, каде индивидуализмот е поважен.