Група луѓе од Нов Зеланд направиле мал песочен остров во градот Таируе на полуостровот Коромандел, за да избегнат забрана за пиење алкохол на јавни места, пренесува ВВС.
Откако го подигнале островот, на него поставиле маса со клупи и донеле рачни фрижидери за пиење. Тие се шегувале дека се во меѓународни води и дека затоа се изземени од официјалната забрана за пиење алкохол.
Групата „кивија“ што е популарно име за жителите на Нов Зеланд, така влегла во Нова година со алкохолни пијалоци и огномет, а нивниот остров и натмау стои на своето место.
Loading...
Забараната за пиење алкохол на јавни места на Коромандел стапува на сила за време на новогодишните празници, а за прекршување на законот се изречува казна од 250 австралиски долари или затвор. Меѓутоа, локалните власти во добар дух ја прифатиле несекојдневната иницијатива на креативните граѓани.
– Да знаев за тоа веројатно би им се придружил, рекол шефот на локалната полиција, инспекторот Џон Кели.
Фотографиите од вештачкиот мини остров се објавени на социјалните мрежи. Локалниот службеник Ноди Вотс вели дека забраната не функционира и дека едноставно дошло до приведување.
– Полицијата се занимава со пијани тинејџери. Тие не се поради тоа. Родителите треба да бидат тука за такво нешто, истакнал Вотс, додавајќи дека полицијата е фрустрирана поради тоа и дека сака промена.