Прекрасна куќичка од чоколадо се наоѓа во францускиот музејски комплекс, а сето тоа може и да се јаде.
Куќата е направена од 1,5 тони чоколадо и во неа може да преспие секој по цена од 50 евра.

Се што се наоѓа во куќичката, лустерите, полиците, прозорците, каминот, столиците, часовникот, чашите, се јаде и може да се проба.
Оваа необична чоколадна куќичка се протега на 18 метри квадратни и се наоѓа во градината на музејскиот комплекс „Cité de la Céramique“ во францускиот Сервес.


