Кој вели дека Дедо Мраз не постои и дека се јавува само за Нова година? Ако е така значи дека не сте се нашле меѓу среќните жители на еден шпански град на кои во неколку наврати анонимно лице им остава пари во поштенските сандачиња.
Коверти со пари пред недела дена дочекале петнаесетина жители на шпанското село Виљамарел. Ковертите во кои имало различни суми на пари, од 50, 70 и 100 евра, е главна тема на развор во оваа мало место во кое живеат околу 800 жители.
– Сите сме збунети и чекаме некакво објаснување. Не знаеме од каде пристигнуваат парите ниту кој е донаторот. На некои мештани парите им се оставени во кафеава коверта, другите изгледале како подароци на кои биле испишани имиња и адреси, а на некои имало нацртани срца. Среќните добитници се жители на селото, а станува збор за вдовица која живее со еден син, семејство со мало дете, постари брачни парови, рекла Нуриа Симон, началник во оваа место.
Сепак, овој чин разбудил сомнеж кај одредени граѓани па парите ги носеле во полиција или банка да проверат дали банкнотите се вистински. Притоа дознале дека парите се реални. Од полицијата соопштиле дека нема да покренат истрага затоа што не е починето никакво кривично дело.