Во оваа држава постои улица на сол: Продавачи нема, мора сами да оставите пари

Сподели со своите пријатели

Интересна приказна за кристалите на сол пронајдени во Намибија беше објавена на Фејсбук страницата Traveloholics.

Loading...

– Патувајќи по брегот во Намибија, забележуваме се повеќе маси на работ од улицата, со парчиња прекрасни кристали од сол на нив. Она што е интересно е што никаде нема продавачи, но на една маса има кристал и неговата цена. Сè функционира преку искреност.

Ако земете парче кристал, мора да ги ставите парите во лименката што исто така е на масата. На крајот на денот, продавачите се враќаат на своите клупи за да ја заменат робата доколку има продадено и природно ги земаат парите што им останале.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците објавија доказ дека нашата планета веќе се прегрева

 

 

 

Кристалите се со различни бои, па можете да купите жолта, црвена, бела, сива или розова, а се зависи од количината и видот на нечистотиите во солта. Овој дел од патот е познат и како „улица на солта“ бидејќи е направен од чакал и сол, па затоа треба да внимавате на ограничувањето на брзината бидејќи може да биде многу опасно поради мазната површина.

Loading...

 

 

Целата оваа област е позната по производството на сол, така што овде се произведуваат повеќе од 210 милиони тони сол годишно, од кои помалку од 6 отсто е за човечка исхрана. А што мислите, дали ваква масичка би го преживеала денот во нашата држава без никаков проблем?

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија сака да ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години, експертите поделени

 

 

Во Намибија, климата варира од пустинска до суптропска. Претежно е топло и суво, а врнежите се ретки и нерамномерно распоредени. Според Википедија, студената буенгелска струја, насочена кон север, ги намалува врнежите.

Loading...