Исланѓаните вчера го прославија националниот ден на пивото, годишнината од престанување на повеќедецениската забрана за купување и пиење на овој пијалак, која е прекината на 1 март 1989 година.
Пивото на Исланд било забрането дури 74 години, додека другите алкохолни пијалаци можеле да се купат легално, јавува АП.
Забраната всушност била остаток од прохибицијата од 1915 година, кога народот забраната за алкохолни пијалаци ја изгласал на референдум.
Злоупотребата на алкохол на Исланд е голем проблем, еден од десет мажи, на возраст од 15 години барем еднаш во животот биле на рехабилитација, наведува исландскиот Центар за лекување болести од зависност.
Поради раширениот алкохолизам во земјата Исланд вовел висок данок на алкохолот, па така една лименка пиво чини дури 9 долари, а шише Смирноф 67 долари.
До промена доаѓа во седумдесеттите години, кога Исланѓаните на европските плажи се сретнале со ладното пиво.
Во 1989 година забраната конечно е укината и Исланд добил Национален ден на пивото.
Сите четири барови во Рејкјавик биле преполни и тогаш 260.000 жители ја прославиле „слободата“ со купување 340.000 лименки пиво.