Во Општа Болница во Куманово почина бегалец од Сирија

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден,  во Општата Болница Куманово било примено лице од Сирија, кој првично пристигнал во Транзитниот центар Табановце, при што поради влошување на здравствената состојба со возило на Црвен крст бил транспортиран на Клиниката за кардиологија и нервното одделение во Скопје.

По укажаната медицинска помош, лицето О.Ф (58), бил вратен во болницата во Куманово каде и починал.

Посмртните останки на починатиот бегалец се сместени во градската капела, каде телото било однесено во придружба на неговата сопруга.

Во текот на денот, починатиот бегалец како што јавува РЦУК, со преземање од страна на Црвен крст ќе биде транспортиран во Германија, каде неговата жена сакала да бидат погребани посмртните останки откако целата фамилија била со привремен престој во таа држава.

 

Loading...