Во океаните има скоро 200.000 различни видови вируси, а се наоѓаат насекаде, од површината до длабочина од 4.000 метри, од Северен до Јужен пол, покажао последното истражување.
Иако поголемиот дел од нив се безопасни по луѓето, ти еможат да го инфицираат подморскиот живот, вклучително китовите, а научниците допрва започнуваат да разбираат каква улга овие ситни организми имаат во океаните.
Истражувачи од Универзитетот Охајо составиле глобална мапа на подморски вируси, базирана на примероци вода од скоро 80 локации ширум светот. Нивнат апроценка на бројот на вируси во океаните е скоро 12 пати поголема од претходните. Со изненадување, откриено е дека потпаѓаат во сите пет групи, врз основа на локација и длабочина.
– Кога ги испитавме гените на вирусите од секој од избраните заедници откривме докази за генетска даптација на различни зони во океанот, изјавила истражувачот Ен Грегори.
Второто изненадување за научниците било дека Арткичкиот океан содржи многу различни видови вируси. Претходно се сметало дека жаришната точка за микробиолошкиот свет бил екваторот.
Литар морска вода обично има милијарда вируси, од што поголем дел неидентифицирани. Според псоледните собрани податоци, 90 отсто од популацијата вируси не можат да се класифицираат во позната група. Подобро познавање на океанските вируси е важно поради нивното влијание на други подморски микроби, вклучително бактерии и габи.
Вирусите влијаат на сите други ситни подморски организми, како планктони, кои произведуваат повеќе од половина од кислородот кој го дишеме и апсорбираат јаглерод диоксид од атмосферата.
– Без микробите Земјата и нејзините океани, дури и нашите човечки тела, би застанале, рекол истражувачот Метју Саливан, додавајќи дека неговата лабораторија им помага на научниците конечно да ги видат скриените вируси кои ги инфицираат тие микроби.
Студијата е објавена во списанието „Сел“.