Две лица од струмичко ќе одговараат за криумчање мигранти, откако викендов при обид да шверцуваат лица од Пакистан, бегајќи на полицијата во Куманово предзивикале сообраќајна несреќа.
– Одделот за гранични работи и миграции, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминали и корупција, поднесе кривична пријава против С.М.(18) од с.Иловица и А.А.(28) од с.Василево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, на 16.05.2020 во 10.30 часот, полициски службеници на Одделот за гранични работи и миграции на автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“ дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, по што на влез во Куманово возачот С.М. предизвикал сообраќајна незгода, удирајќи во патничко возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки.
– Веднаш потоа, пријавените го напуштиле местото, но биле пронајдени во двор на училиште во Куманово, велат од МВР.
При извршен преглед во патничкото возило биле пронајдени осум лица мигранти од Пакистан.
Никола Ивановски