Малцинскиот коалиционен партнер во владата на Нов Зеланд, партијата Нов Зеланд на прво место, денеска претстави предлог-закон со кој, доколку биде усвоен, ќе се дефинираат жените и мажите врз основа на биолошките карактеристики, а со тоа ќе се спречи правното признавање на транс жените и мажите.
Предлог-законот на таа популистичка партија нема големи шанси да биде прифатен бидејќи треба да добие мнозинство во парламентот на Нов Зеланд, пренесува Ројтерс.
Новозеландскиот премиер Винстон Питерс рече дека законите треба да ја одразуваат биолошката реалност и да обезбедат правна сигурност.
„Потребата од ваков закон покажува колку далеку нè одведе левицата како општество. Но, ние се бориме“, рече Питерс.
Водачот на новозеландската опозиција Крис Хипкинс изјави за Staff News дека законот за пол е „типична популистичка политика“ и дека во време кога Новозеланѓаните се соочуваат со зголемени животни трошоци, отпуштања и криза во здравствениот систем, ова прашање не е приоритет.