Во Нов Зеланд издадено предупредување за цунами по разорниот земјотрес

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Пацификот во петокот, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), објавувајќи предупредување за цунами за околните земји – Вануату, Фиџи, Кирибати и северниот дел на Нов Зеланд.

Американскиот национален центар за предупредување од цунами издаде предупредување за бреговите на оддалеченост од 1.000 километри од епицентарот, вклучувајќи ги Фиџи, Вануату и Нова Каледонија, јавува Си-Ен-Ен.

Според УСГС, земјотресот бил на длабочина од 38 километри.

Агенцијата за управување со вонредни состојби на Хаваите објави на Твитер дека во моментов нема закана од цунами за областа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија укинува повеќе од 50.000 туристички станови

Можни се бранови од цунами до три метри долж некои брегови на Вануату, додека бранови од 0,3 до еден метар може да се очекуваат на Фиџи, Кирибати и Нов Зеланд, соопшти Националниот центар за предупредување од цунами на САД.

Националната агенција за управување со вонредни состојби на Нов Зеланд на Твитер објави дека проценува дали земјотресот „претставува некаква закана од цунами за Нов Зеланд“.