Во Норвешка отворен првиот подводен ресторан во Европа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Европа од почетокот на април добива прв подводен ресторан на северноатлатскиот брег на Норвешка, во кој за оброк треба да се одвојат од 200 до 400 евра, а за маса може да се почека и до шест месеци.

Loading...

Сместен во Линдеснес, во близина на најјужната точка на Норвешка, ресторанот „Under“ нуди можност додека гостите вечераат да уживаат низ панорамски прозорец гледајќи го подводниот свет, пишува Форбс.

Половина од ресторанот е под вода, додека другиот дел е над неа. Дизајнот е таков што совршено се вклопува во морското опркужување. Монолитата конструкција на ресторанот со бетонски ѕидови со дебелина од дури еден метар, лежи на морското дно и може да издржи притисок на вода и да им пружи заштита од суровите морски услови.

Ентериерот на ресторанот исто така ја поддржува главната идеја на архитектите кои го проектирале и прикажува како цврстите и природни материјали можат да бидат користени да прикажуваат убавина на природата.

Единственото искуство за уживање во оброкот во ресторанот пет и пол метри под површината веќе е многу барано. Во овој ресторан може да седнат 40 луѓе, а истиот свечено ќе биде отворен кон почетокот на април, иако веќе има илјадници онлајн резервации, така да на маса ќе се чека околу шест месеци.

Моментално можат да се резервираат маси за средината на август, иако во септември останале слободни места за многу малку датуми.

Loading...

Концептот на ресторанот нуди постојано мени кое ќе се менува со годишните времиња. За вечера се потребни околу 230 евра, а скоро 400 долари ако во оброкот е вклучено и виното, бидејќи во Норвешка се високи даноците за алкохолни пијалаци.

Leave a Reply