Во воздушната операција против Боко Харам во Нигерија, убиени се најмалку 40 членови на терористичката организација, меѓу кои наводно двајца врвни водачи.
Во провинцијата Нигер е извршена воздушна операција против Боко Харам, објави денеска Anadolu Agency, повикувајќи се на локалните медиуми.
Меѓу 40-те убиени се двајца водачи на Боко Харам, Абу Убаид и Малам Јусуф Аба, по кои претходно беа распишани потерници.
Повеќе од 20.000 луѓе загинаа во нападите извршени од терористичката организација, која постои во Нигерија од почетокот на 2000-тите.
Терористите на оваа организација од 2015 година извршуваат напади во соседните земји Камерун, Чад и Нигер.
Стотици илјади луѓе беа принудени да ја напуштат Нигерија поради терористички напади и конфликти.