Во невремето на Крим едно лице исчезна, четворица се повредени

Сподели со своите пријатели

Во невремето што го зафати Крим едно лице исчезна, а четири се повредени, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

Loading...

Припадниците на тоа Министерство цела ноќ ги евакуирале луѓето од поплавените куќи и им пружале помош, пренесува РИА Новости.

Денеска на Крим е неработен ден поради невремето, а надлежните служби ги предупредија граѓаните дека се очекуваат урагански ветрови и дожд со снег.

Советникот на лидерот на Крим, Олег Кријучков, синоќа соопшти дека речиси половина милион жители на Крим останале без струја како последица на нафтената бура, пренесува Танјуг.