ВО НЕКОИ ЗЕМЈИ ТЕСТОВИТЕ СЕ НЕПОТРЕБНИ! Обучени кучиња можат да намирисаат ковид-19 со 94% успех (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Долго време се зборуваше дека сè што може да помогне да се спречи ширењето на оваа пандемија, мора да се искористи за борба против коронавирусот. Најновите истражувања покажуваат дека кучињата исто така можат да бидат од голема помош. Дури можат да  намирисаат коронавирус.

Loading...

Коронавирус или ковид-19 е особено е опасен за луѓето со ослабен имунитет и постарите лица. Научници, медицински сестри и експерти се борат на сите фронтови за да се стави болеста под контрола што е можно поскоро, но ако тоа се случи, обучени кучиња исто така можат да помогнат. Според veforum.org, чувствуваат мирис на короната.

Германска ветеринарна клиника обучи кучиња да откриваат ковид-19. Досегашните резултати покажуваат дека тие тоа можат да го сторат со точност од 94%. Кучињата се обучени да препознаваат мирис на корона што доаѓа од клетките на заразени лица, рече Естер Шалке, ветеринар во германското училиште за обука на вооружени сили за службени кучиња.

 

 

Меѓу првите од овие обучени „душкачи“ се Фил, тригодишен белгиски овчар и Џо Кокер, едногодишен кокер шпанијел кој тренирал на Универзитетот за ветеринарна медицина во Хановер.

„Направивме студија во која имавме кучиња кои душкаат примероци на пациенти кои биле позитивни на ковид и можеме да кажеме дека во нашата студија имаат точност од 94% дека ќе ја детектираат болеста“, изјави Холгер Волк, шеф на ветеринарството клиника. „Значи, кучињата навистина можат да намирисаат луѓе со и без инфекции, како и асимптоматски и симптоматски пациенти со ковид“, додаде Волк.

Loading...

Стефан Вајл, премиер на Долна Саксонија, чиј главен град е Хановер, рече дека е импресиониран од студијата и повика да се користат кучиња што душкаат во секојдневниот живот, како што се пример концерти: „Сега ни требаат тестови на избрани настани“, рече Вајл.

Во Финска, кучињата обучени за откривање на новиот коронавирус започнаа да душкаат патници на финскиот аеродром Хелсинки-Ванта минатиот септември. Тоа беше пилот проект, кој тие го спроведоа покрај вообичаените тестови на аеродромот. Дури и во Чиле, ваквите обучени кучиња се користат веќе некое време за откривање на вирусот.

 

Leave a Reply