Во неделата, видео состанок меѓу лидерите на Г7 и Зеленски

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Групата седум најразвиени земји (Г7), вклучително и американскиот претседател Џозеф Бајден, ќе одржат состанок преку видео врска со украинскиот претседател Володимир Зеленски во недела, за да покажат единство ден пред Денот на победата во Русија, кажа Белата куќа.

Loading...

Разговорите ќе се фокусираат на новите случувања поврзани со војната, напорите за поддршка на Украина и начините да се покаже „понатамошно единство на Г7 во нашиот колективен одговор, вклучително и наметнување страшни последици за војната на Путин“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, пренесува Гардијан.

 

Северна Кореја истрела балистичка ракета

 

Лидерите на земјите од Групата седум, која ја сочинуваат САД, Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Канада и Италија, ќе одржат виртуелен состанок со Зеленски во недела наутро.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека датумот на средбата е важен бидејќи ќе се одржи ден пред учеството на рускиот претседател Владимир Путин на воената парада по повод Денот на победата, кој го означува крајот на Втората светска војна.

 

Loading...

Северна Кореја истрела балистичка ракета

 

Псаки, исто така, рече дека американските претставници разговараат за воведување нови санкции против руски милијардери и компании, како и преземање чекори за да се спречат оние кои веќе се санкционирани да ги избегнат последиците од казнените мерки, пишува британскиот весник.