Во нападот на Одеса едно лице загина, осум се повредени

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина во руското гранатирање на Одеса, а оштетени се станбени и јавни згради, како и главната цевка за греење, соопштија локалните власти.

Loading...

Градоначалникот Генадиј Труханов изјави дека синоќа одекнале експлозии во Одеса нешто пред 22:00 часот.

„Како резултат на рускиот напад, главниот цевковод за снабдување со топлинска енергија беше оштетен, а работата на една од градските котлари беше прекината“, рече тој.

Поради дефект на главната грејна цевка без топлинска енергија останаа 220 повеќестанбени згради (40 илјади жители), 7 градинки, и 4 училишта, јавува Униан.

Шефот на регионалната воена управа Олег Кипер изјави дека руските сили ја гаѓале Одеса со беспилотни летала „Шахид“.

„Руските терористи повторно извршија масовен напад со беспилотни летала врз Одеса и регионот. Оштетена е цивилната инфраструктура. Една жена загина во напад со дрон во Одеса, а најмалку две лица се повредени“, рече тој на Телеграм и додаде дека е активирана украинската противвоздушна одбрана.

Во Одеса по експлозии избувнаа пожари на неколку локации, пренесе агенцијата Суспилна.

Сите надлежни служби за итни случаи работат на отстранување на последиците од нападот, јавува Танјуг.

Loading...