Руското Министерство за одбрана соопшти дека за време на операцијата во Украина било употребено „паметно оружје“, односно оружје со прецизно дејство насочено кон воената инфраструктура, аеродромите и противвоздушната одбрана на Украина.
Министерството наведува дека целите не се украински градови, туку само воени објекти.
Москва претходно соопшти дека во тек се специјални операции и дека наводно нема закани за цивилното население.
Откако рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта најави и изврши напад врз Украина, во текот на денот пристигнуваат осуди за агресија врз соседната земја.
Тој рано утринава објави дека одлучил Русија да започне специјална воена операција во Донбас.

