Во најава нов конфликт: Мароко и Западна Сахара?

Сподели со своите пријатели

Огромни пространства со дини и рамнини, и ретка вегетација. Западна Сахара е претежно пустинска и сушна територија.

Loading...

За Обединетите нации, тоа не е само административен регион, туку во суштина е остаток од поранешна колонија.

Но, под таа почва лежат изобилни резерви на фосфат, витална компонента во производството на вештачко ѓубриво, кое, поради војната во Украина, стана стратешки важна стока.

А потоа, тука се водите богати со риби долж брегот на Атлантскиот Океан.

Мароко ја смета Западна Сахара за составен дел од својата територија и ефективно контролира голем дел од тој регион со децении.

Сепак, повеќето земји, како и Обединетите нации, не ја прифаќаат таквата позиција на Мароко.

Заедно со Генералното собрание на ОН, неколку меѓународни судови, вклучително и Меѓународниот суд на правдата, одлучија дека колонизацијата на Западна Сахара сè уште е на сила и дека напорите на Мароко да ја анектира се незаконски.

На 17 јули, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху официјално го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара, со што Израел стана втората земја (по САД под администрацијата на Трамп) што ги поддржува тврдењата на властите во Рабат.

Loading...

Ова предизвикува загриженост, се стравува дека ситуацијата во Западна Сахара се оддалечува од „мирот и стабилноста“ и дека територијата може повторно да стане сцена на вооружен конфликт меѓу мароканската армија, фронтот Полисарио, кој се залага за независност и соседен Алжир.

Како започна конфликтот во Западна Сахара?

Спорот за Западна Сахара започна во 1975 година кога Шпанија, чија колонија беше, се повлече од таа територија и ја остави на неизвесна иднина.

По заминувањето на Шпанија, Мароко организираше т.н „Зелен марш“.

Илјадници марокански цивили влегоа во Западна Сахара со цел да го потврдат мароканскиот суверенитет над таа територија.

Ова предизвика отпор од Арапската Демократска Република Сахрави (САДР) и нејзиното воено крило, Фронтот Полисарио.

Тие тврдеа дека се легитимни претставници на домородното население на Западна Сахара и бараа целосна независност.

Истата година избувна вооружен конфликт меѓу Мароко и фронтот Полисарио, кој траеше се додека не беше постигнат прекин на огнот со посредство на Обединетите нации.

ОН, исто така, го поддржаа референдумот за самоопределување, кој допрва треба да се одржи поради спорови за прашања како на пример кој би имал право да гласа на таков референдум.

Loading...

Конфликтот избувна повторно во ноември 2020 година, кога Мароко ја распореди својата војска за да ги задуши протестите, а како одговор, Фронтот Полисарио објави дека прекинот на огнот повеќе не важи.

„Што се однесува до ситуацијата со човековите права, Западна Сахара е црна дупка“, вели за ДВ Мерјем Наили, експерт за меѓународно право од британскиот универзитет во Ексетер.

„Знаеме дека таму често се случуваат злосторства, но мароканската влада не дозволува претставници на Високиот комесаријат за човекови права на ОН да ги посетат окупираните територии.

Дилемата на Европската Унија

Официјалните претставници на Европската унија не ги признаваат тврдењата на Мароко во Западна Сахара и – како и ОН – ја сметаат за воено окупирана територија.

Сепак, некои земји-членки на Унијата, вклучително и Франција, Шпанија и Германија, го поддржуваат Мароко во смисла дека Западна Сахара треба да добие автономија.

Мароко е важен партнер за повеќето земји од ЕУ, што го отежнува Брисел да се спротивстави на позицијата на Рабат за Западна Сахара.

Европската унија потпиша неколку договори со кралството, вклучувајќи ги и оние за миграција, трговија и обновливи извори на енергија.

„Мароко знае како да игра на овие карти“, вели Норвежанецот Ерик Хаген, експерт за ситуацијата во регионот.

Loading...

„Се додека миграцијата е високо на дневната агенда, земјите-членки на ЕУ тешко дека ќе преземат чекори што би можеле да го налутат Мароко“, вели Хаген, член на одборот на организацијата „Western Sahara Resource Watch“ (WSRW), блиска до Форт Полисарио.

Ривалство меѓу Алжир и Мароко

Признавањето на администрацијата на Трамп за тврдењата на Рабат за Западна Сахара во 2020 година беше дел од т.н. „Абрахамскиот договор“, проект чија цел е да ги зближи Израел и арапските земји преку серија трговски договори.

Односите меѓу Рабат и Тел Авив продолжија да се подобруваат, а Мароко го зголеми купувањето на воена опрема и од САД и од Израел.

Соседот на Мароко, Алжир, кој исто така ја дели границата со Западна Сахара, тргна на спротивен пат и ги зајакна воените врски со Русија.

Алжир ги прекина дипломатските односи со Мароко во 2021 година.

„Тензиите меѓу Мароко и Алжир тлееја со години и секогаш имаа директно влијание врз Западна Сахара“, истакнува Мерјем Наили.

Loading...

Ривалството меѓу Мароко и Алжир датира од времето на независноста, а овие тензии повремено доведуваат до конфликти во Западна Сахара.

Алжир со децении му даваше воена поддршка на фронтот Полисарио и им дозволуваше на неговите водачи, како и на многу бегалци од Западна Сахара, да подигнат кампови на нејзина територија.

Референдум?

Според податоците на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот, двете земји ги зголемиле воените трошоци во изминатата деценија.

Минатата година и Мароко го зголеми присуството на армијата долж границата со Алжир.

„Малку е веројатно дека планот за признавање, па дури и поддршката за автономија, ќе биде корисен во мировниот процес, бидејќи е во спротивност со ставовите на една од страните во конфликтот“, вели Наили.

Loading...

„Ништо освен референдум не може да го реши тој спор. Ниту еден договор меѓу Европската унија, Мароко, па дури и Полисарио не може да ја одреди судбината на луѓето од Западна Сахара. Меѓународните судови тоа јасно го кажаа.