Во Дагестан, мнозинска муслиманска руска кавкаска република, носењето никаб, превез што го покрива лицето, е привремено забрането од „безбедносни“ причини, по неодамнешните напади на цркви и синагоги.
Тој превез кој го покрива лицето и ги остава само очите отворени „привремено е забранет до елиминирање на постоечките закани“, објави денеска највисоката муслиманска верска власт во Дагестан во видео порака преку својот профил на Телеграм.
Забраната е оправдана со загрозувањето на безбедноста на населението на таа република, во која живеат три милиони луѓе, на што укажа и министерството задолжено за прашања од националност и религија.
На 23 јуни, напаѓачите под се уште неразјаснети околности истовремено нападнаа две православни цркви и две синагоги, како и полициски контролен пункт во Дагестан.
Во нападите, за кои сè уште никој не ја презеде одговорноста, загинаа 22 лица, главно полицајци.
Кон крајот на јуни истражителите објавија дека меѓу жртвите има и православен свештеник.
Нападите беа извршени три месеци по нападот на концертната сала „Крокус Сити Хол“ во предградието на Москва, во кој беа убиени 145 лица, а за кој одговорност презеде исламистичката организација Исламска држава.
Малку детали се објавени за идентитетот и мотивите на напаѓачите во Дагестан. Според властите, неколку од нив биле убиени.