Во Мексико дозволено користење кокаин во рекреативни цели

Сподели со своите пријатели

Судот во Мексико дозволил право на рекративно користење кокаин на две лица, што е прв таков случај во земјата.

Loading...

Како што соопштува организацијата „Мексико обединет против злосторот“, судот им дозволил да поседуваат, носат и користат кокаин, но не и да го продаваат, пренесува ВВС.

Организацијата која се бори за крај на „војната против дрогата“ во Мексико, пресудата ја нарекла „историски чекор“.

Што се случува во мозокот кај луѓето кои користат кокаин? (ВИДЕО)

Како што се додава, одлуката мора да биде потврдена во вишиот суд пред да стапи на сила. Доколку бид еодобрена, ќе се однесува само на тие две лица, чиј идентитет не е откриен.

Еден претставник на власта рекол дека се преземени чекори кон блокирање на оваа судска одлука, донесена уште во мај. Тој истакнал дека таквото одобрување би било надвор од неговото законско овластување.

Одлуката не создава преседан и не ги укинува постоечките забрани за поседување кокаин во таа земја.

Се обиделе да криумчарат 2 тони кокаин, но влетале директно во замка (ВИДЕО)

Loading...

Мексико води повеќедецениска борба со насилството на нарко-картелите, а во земјата секоја година има илјадници убиства кои се доведуваат во врска со дрогата.

Се наведува дека Врховниот суд веќе дозволил „рекреативно користење марихуана“ во одредени случаи.

Leave a Reply