Вкупно 37 бегалци ги оставиле своите животи во Република Македонија од почетокот на кризата во 2015. година. Точната бројка на оние кои транзитирале низ земјава не е позната, се препотставува дека неколку милиони бегалци претежно од земјите на Блискиот исток минале низ Македонија на патот кон Западна Европа, но само 27 од Прифатниот камп Табановце побарале азил, беше посочено на денешната дебата од завршниот настан на проектот URGENT.
Проектот во реализација на Општина Куманово, а има за цел кохезија на маргинализираните заедници со локалното население.
Според Мерсиха Смаиловиќ од невладината организација Легис, од почетокот на кризата во Македонија загинале 37 бегалци, а најтешка била 2015. година кога кризата добива најголем замав и илјадници бегалци дневно транзитираат низ земјава.
– Во тој момент сите ја очекувавме улогата на државата да даде измени на законот, кубуревме со шанси дури и локалното население да биде доведено во опасност од пружањето хуманитарна помош бидејќи според законот помагање ирегуларни мигранти е кривично дело. Сите бевме во опасност и страв, но хуманоста која дишеше во Општина Куманово, кај населението кое дојде да помогне во локалната џамија, навистина пружаше чувство на безбедност и сигурност, но и мотив на нас како невладина организација и локалното население да се впушти и да им помогне, рече Смаиловиќ.
Loading...
Дека Република Македонија не е земја на интерес за бегалците покажува и статистиката дека од илјадниците бегалци, само 27 кои престојувале на Табановце побарале азил во земјава.
– Република Македонија во периодот од 2015. година до ден денес не претставува и не претставуваше земја интерес за бегалците за нивно останување овде. Тоа го покажуваат и бројките, така да некаде бројката за она што значи над милион влегувања во делот на транзитот, некаде околу 1.086 барања за азил имате, кој што на некој начин ниту беа издржани или беа предмет на барање заради моментна состојба на бегалецот кој сакал да се осигура во земјата транзит додека најде транзит додека излезе од земјата кон она што за него е замисла од моментот на поаѓање од земјата од која тргнал, рече Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи.
Досега само две лица се веќе вклопени во интегративниот процес, а пет баратели на азил се под заштита на државата. Спека, раководителот на Центарот за управување со кризи од Куманово, вели дека според безбедносните проценки бегалската криза ќе трае уште најмалку 10 години.
По затворањето на балканската рута, со зголемувањето на илегалните премини на се формираат и мобилните тимови на Црвениот крст на Град Скопје. Секојдневно и ден денес им пружаат помош на бегалците во кумановско-липковскиот крај.
– Вчера во Република Македонија на патот Радовиш – Штип имаме сообраќајна незгода каде 17 мигранти биле ставени во едно возило, кое изгубило контрола и на патот ни загинуваат двајца мигранти, а 15 се повредени. Тие во моментов се во болницата во Штип и тоа е можеби сериозен идникатор дека во Република Македонија за жал и покрај сите контроли се уште се бранува илегалната мигранција и не може да се сопре тој бран на бегалци, рече Сандра Томовска од Црвениот крст на Град Скопје.
Loading...
Дека реакцијата на државата доцнела се согласија сите илагачи на конференцијата, меѓутоа и помошта од меѓународната заедница која ја доби Македонија е многу мала, рече градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
– Проблемот со мигрантите не е проблем само на Куманово или Република Македонија, тоа беше глобален светски проблем, за кој имам чувство дека меѓународната заедница се вклучи многу малку. Гледавме како некои држави во регионот кој што имаа слични проблеми, добиваа огромни финансиски средства од меѓународната заедница и од Обединетите нации додека една Македонија беше оставена на самите почетоци самата на себе да се справува со сериозен глобален проблем, кој не е запомнет на овие простории во изминатите неколку века, рече градоначалникот Димитриевски, кој додаде дека можеби милиони бегалци минале низ градот и државата.
Според извештаите на УНХЦР не е на повидок разрешување на кризата со бегалците, а најголемиот дел од нив се малолетни лица кои доаѓаат претежно од пет земји Авганистан, Јужен Судан, Мјанмар, Сомалија и Сирија.
– Преку половината од бегалците се малолетни лица, односно 52 проценти од бегалците се малолетни деца, повеќето деца кои се раселени и разделени од семејствата, кои не ги ни виделе не ги знаат и не можат да се пронајдат меѓу себе. Се очекува дури и во наредната година да има зголеме број на бегалци и луѓе кои ќе се појават како можни мигранти на овие простори, рече Горан Митвски од Општина Куманово.
Пристапот до фондовите за помош при Европската унија се потешки за Република Македонија, споредбено со земјите кои се веќе членки, рече професорот Трпе Стојановски од Факултетот за безбедност, посочувајќи дека и самите наши институции немаат пракса за пристап до проектите кои ги има ЕУ.
Споредбено со минатата година, илегалните премини од јужната кон северната граница и обратно, годинава се зголемени за 100 отсто споредбено со минатата година.