Во Лувр изложени слики украдени од нацистите

Сподели со своите пријатели

Музејот Лувр (француски: Musée du Louvre) во Париз, Франција, е најголемиот музеј во светот. Сместен е во Луврскиот дворец. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за прв пат биле отворени за јавноста како музеј на 8 Ноември, 1793, за време на Француската Револуција. Централниот двор, во кој се наоѓа пирамидата Лувр изградена во 1989, служи како влез во музејот.

 

Loading...

 

Музејот ги чува некои од најпознатите уметнички дела, како Мона Лиза, Девицата и Детето со Св. Ана на Леонардо да Винчи и Венера од Милос на Александрос од Антиок.

Лувр содржи многу уметнички наследства на францускиот народ од раните Капетијански кралеви преку Првата Француска Империја на Наполеон Бонапарта до 1848. Подоцнежните дела се прикажани во Музејот Орсеј, а современата уметност се наоѓа во Центарот Помпиду.

Лувр долго време бил управуван од француската држава како Reunion des Musees Nationaux. Во поново време добил права за само-управување како Etablissement Public Autonome (Владина Корпорација) со цел подобро управување со неговото растење. Од 14 септември, 2005, музејот Лувр постепено забранил сликање на неговите уметнички дела.

 

 

Меѓу илјадниците бесценети слики се наоѓа и Мона Лиза на Леонардо Да Винчи, веројатно најпознатата слика во целиот свет, сместена во Salle des Etats во климатски-контролирана состојба позади заштитно стакло. Изложени се и дела на уметници како Фрагонард, Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен, и Давид. Меѓу познатите скулптури во колекцијата се и Крилата Победа на Самотраки и Венера од Милос.

Колекцијата на Баронот Едмонд де Ротшилд (1845-1934), дадени на Лувр во 1935, се сместени во изложбена соба. Таа содржи повеќе од 40.000 гравури, скоро 3.000 цртежи и 500 илустрирани книги.

 

Loading...

 

Покрај уметнички, Лувр има и многу други видови на експонати, вклучувајќи археолошки, историски, и архитектонски. Има и голема колекција на мебел, каде најспектакуларен објект бил Bureau du Roi (Кралската Канцеларија) од 18от век, сега вратен во Версај.

Pages: 1 2