Во Лос Анџелес запленети милион апчиња фентанил

Сподели со своите пријатели

Еден милион апчиња фентанил со проценета улична вредност од 20 милиони долари биле запленети за време на рација во близина на Лос Анџелес.

Loading...

Тоа е најголемата заплена од ваков вид во Калифорнија.

Заплената се случила на 5 јули во приватна резиденција во Инглвуд, во близина на Лос Анџелес, а локацијата била откриена во текот на истрагата за трговија со дрога поврзана со мексиканскиот нарко картел Синалоа.

Како што јави Танјуг, агентите на ДЕА во куќата пронашле апчиња кои биле наменети за малопродажба.

„Оваа огромна заплена го запре протокот на опасно големи количини фентанил на нашите улици и веројатно спаси многу животи. Неверојатен број тинејџери и млади луѓе не се свесни дека го вдишуваат фентанилот во овие лажни апчиња и се трујат“, изјави специјалниот агент на ДЕА Бил Боднер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Армиски офицери и полицаец уапсени во Бразил за обид за убиство на претседателот

Истражителите на ДЕА од Лос Анџелес и Њујорк, заедно со полицијата во Хоторн, Калифорнија, веќе открија мрежа на курири и магацини за дрога, а истрагата сѐ уште е во тек.

Заплената доаѓа неколку дена откако мексиканските власти заплениле повеќе од половина тон фентанил во Синалоа, со улична вредност од околу 230 милиони долари, што е најголемата заплена на фентанил во историјата на Мексико.

Фентанил, синтетички опијат, е 80 до 100 пати посилен од морфинот.

Loading...

Тој е поевтин од другите опиоиди и се става во одредени лекови, па затоа прават апчиња кои изгледаат како оксикодон, ксанакс или адерал.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), смртните случаи од фентанил се зголемиле за 23 отсто и сочинуваат две третини од предозирањата минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Биткоинот за прв пат надминува 94.000 долари