Во Лондон на секои шест минути се краде мобилен телефон

Сподели со своите пријатели

Во Лондон на секои шест минути се краде мобилен телефон, соопшти градската полиција.

Loading...

Само во 2022 година биле украдени 90.864 телефони или 250 дневно, а речиси 70 отсто од сите кражби во Лондон биле поврзани со мобилни телефони, јавува Би-Би-Си.

Во отвореното писмо, градоначалникот на Лондон Садик Кан и началникот на полицијата Марк Роули изјавиле дека дизајнерите на софтвер мора да развијат решенија „за да ја направат оваа работа помалку профитабилна“.

Тие ги повикаа провајдерите на мобилни телефони да соработуваат со градските власти и полицијата, пренесува Танјуг.

Податоците на полицијата покажуваат дека младите непропорционално се вклучени во грабежи, и како жртви и како сторители, а особено се изложени на ризик да бидат мета на криминалци оние на возраст од 14 до 20 години.