Лице барано за издржување затворска казна, поради убиство во обид, вчера било приведено во липковско.
Loading...
– На 19.02.2020, врз основа на Наредба од Основен суд Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Л.О.(21) од село Ропаљце, општина Липково, кој се барал за издржување на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „убиство во обид“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Утринава околу 01.00 часот тој бил предаден во казнено – поправната установа Затвор Идризово.
Никола Ивановски