Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во средно образование во учебната 2019/2020 година.
Првото пријавување ќе биде на 17 и 18 јуни, второто на 24 и 25 јуни, а третото на 1 јули 2019 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени ден подоцна.
Во петте средни училишта во Куманово според конкурсот слобни места има за запишување на вкупно 2.584 ученици.
Во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ ќе можат да се запишат 374 ученици во 11 паралелки (340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во една паралелка со настава на српски јазик).
Во СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ ќе можат да се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на албански јазик.
Во ССОУ „Киро Бурназ“ во прва година ќе можат да се запишат 510 ученици во 15 паралелки (374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:
- Земјоделско-ветеринарна струка – 238 ученици, 7 паралелки
- Хемиско-технолошка струка – 102 ученици, 3 паралелки
- Лични услуги – 102 ученици, 3 паралелки
- Машинска струка – 68 ученици, 2 паралелки
Во СОУ „Перо Наков“ ќе можат се запишат 714 ученици во 21 паралелка (340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 374 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:
- Економско-правна и трговска струка – 442 ученици, 13 паралелки
- Текстилно – кожарска струка – 272 ученици, 8 паралелки
Во ОСТУ „Наце Буѓони“ исто така ќе можат да се запишат 714 ученици во 21 паралелка (340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 374 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:
- Машинска струка – 204 ученици, 6 паралелки
- Електротехничка струка – 340 ученици, 10 паралелки
- Здравствена струка – 170 ученици, 5 паралелки
Податоци за слободни места по паралелки и наставен јазик за сите училишта во државата, како и информации за потребните документи и условите и критериумите за упис се содржани во Конкурсот кој МОН го објави на својата веб-страница.