Во кумановскиот центар за култура отворена изложбата од 15-та колонија „Карпино“ (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кумановци синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ имаа можност да разгледаат триесетина дела работени од различни автори кои учествуваа на годинешнава колонија „Карпино 2017“.

 

 

Изложбата на дела од годинешнава колонија, традиционално се организира во чест на Деновите на градот. На колонијата годинава учествуваа 21 автор од Полска, Романија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија и Македонија.

 

 

Претседателот на мултимедијалното здружение „Карпино“, Зоран Павловски на отварањето рече дека успеале со труд и учество на реномирани уметници да се етаблираат како сериозна ликовна колонија, чии дела, освен кумановската ќе има можност да ги види и публиката од државата.

– Уметниците твореа во различни техники, претежно масло на платно и секој уметник има свое видување, така што публиката ќе може да ужива воразлични авторски видувања, изјави Павловски.

На отварањето на изложбата присуствуваше и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

Изложбата ќе биде отворена за посетителите наредните десетина дена.

Извор: МИА