Во кумановската болница примени и деца кои не оделе во градинка, а имале исти сомптими

Сподели со своите пријатели

Бројот на деца кои дошле во кумановската болница од петок попладне до утринава, е многу поголем од триесетте кои посетуваат иста градинка, ова го тврди началникот на Детското одделение при Општа болница Куманово д-р Агрон Сулејмани.

Loading...

Најголем дел од оние што биле прегледани, 80 до 90 отсто од нив, посетувале иста градинка, но има и деца кои не оделе во установата, а дошле со симптоми на висока температура, дијареја и често повраќање.

– Овие 30 за кои зборуваме што го посетиле нашиот оддел, претежно се со чести течни столици, висока температура и многу често повраќање, околу 30 деца се. Најголем дел од нив 80-90 отсто се деца што одат во градинка, но има и деца што се и надвор од градинка, чувани во домашни услови, вели д=р Сулејмани.

Децата се третирани, а три од нив се задржани на болничко лекување. По проколот известен е Центарот за јавно здравје кој допрва треба да утврди за што станува збор.

– Кај сите деца е направена лабораторија по протокол и таму каде што имало индикација тие деца се задржани, таму каде што имало покачени високи инфломаторни маркери, тие деца што биле за задржување во болнички услови се примени и се три на оддел, но се подобрени околу 70 отсто сега за сега. Од петокот попладне до вчеравечер, сабајле има случаи нови, но се случаи што не одат во градинка, вирусни инфекции, вели д-р Сулејмани.

Како што појаснува началникот на Детското одделение, станува збор за комбинација од деца кои оделе во исти три оддели на кумановската градинка „Ангел Шајче“ и деца што воопшто не оделе во градинка.

– Имаме една комбинација, имаме комбинација на деца што се чувани во домашни услови со иста симптоматологија и деца од три градинки, со иста симптоматологија кај повеќе деца, кога се работи за пвоеќе деца од иста градинка или просторија тогаш во прашање е нешто друго може да е интоксикација, може да е инфекција што е внатре. Случајот е пријавен во Центарот за јавно здравје, началничката д-р Јадранка беше сабајле на одделот и земаше анамнеза, веднаш е пријавено протоколарно и сега чекаме да видиме што ќе се преземе понатаму, овие случаи 80 до 90 отсто од 30 што ви ги кажав има повеќе случаи што се дојдени со иста симптоматологија, но околу 30 се случаи што посетуваат градинка, појаснува докторот.

На терен се излезени претставници на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и  епидемиолог од Центарот за јавно здравје Куманово.

Loading...

Повеќе детали се најавени за во текот на денот.

Никола Ивановски

Leave a Reply