Во Куманово викендов казнети 60 возачи

Сподели со своите пријатели

Вкупно 60 возачи биле казнети во Куманово од страна на полицијата викендов, најчесто поради пребрзо возење или возење во алкохолизирана состојба.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 60 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 30 санкции за возачи кои управувале возила под дејство на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број казни, четири биле за управување возило без возачка дозвола и една за нерегистрирано возило.

Никола Ивановски