Во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово денеска се одржа света литургија по повод Велики Четврток.
Loading...
Одреден број граѓани сепак заминаа на литургијата, што може да се види и од фотографијата објавена од Кумановско-осоговската епархија, и покрај препораките да нема групирање на повеќе од две лица.
Литургијата ја служеше митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф.
– На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни, пишува на веб страницата на Кумановско-осоговската епархија.
Никола Ивановски