Во Куманово силен ветер и дневна температура околу нулата

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно, а на северот со повеќе сонце, вака започна денот рано утринава. Дува повремено засилен северен ветер особено вдолж Повардарието, но и во Струмиќко и во делови од Пелагонија. Во Крива Паланка има појава на слаб снег кој несе задржува на тлото, а во Маврово од вчерашните врнежи од снег денес има снежна покривка од 1 см, информриаа од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето наутро ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево, ветровито и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде ќе достигнува брзина и од 80 км/час. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 10° С.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време и ниски температури. Ќе дува засилен ветер од северен, односно северозападен правец кој на моменти ќе достигнува и над 30 километри на час. Максималната дневна температура ќе биде околу нулата, а во текот на ноќта ќе имаме -9 степени целзиусови.

Денес ќе продолжи да дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе достигнува брзина од 80 км/час. Дневната температура значително ќе опадне. Потоа во наредните денови следува стабилно и студено време, а особено студено ќе биде во среда наутро. Во деновите потоа утринските температури ќе бидат слични на вчерашното утро.