Во Куманово се дискутираше на темата „Мигрантите не се само бројка“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Денеска во Куманово се одржа јавна дискусија на тема „Мигрантите не се само бројка“, на која свои излагања имаа професор Владимир Пивоваров, советник во Министерството за внатрешни работи, активистот Кастриот Реџепи и Светлана Антиќ – Јовчевска, новинар на Радио Слободна Европа.

 

Loading...

DSC_0019

 

Настанот беше во организација на Здружението „Диверзити Медиа“, а во рамките на проектот Глокал Дискусии во чии рамки ќе се одржат уште 11 низ различни градови низ земјава до август 2016 година.

 

DSC_0021

 

Беше дискутирано за моменталната состојба со бегалската криза, како и сите проблеми кои тоа може да ги донесе, но и како треба да се справиме со истата на што поедноставен начин.

 

DSC_0025

Loading...

 

Владимир Пивоваров, советник во МВР, вели дека токму сега мора да бараме и финансиски и човечки ресурси од Европската Унија за да што поуспешно се справиме со оваа криза.

Ние во Република Македонија ниту сме во можност како мала земја, а сме единствено само рута на патот кон Европската Унија каде се упатуваат бегалците. Сами како земја не можеме да се справиме со овој предизвик и токму сега последните агенди на Европската Унија дека ние ќе бидеме тврдината во делот на можноста за справување со ваквата криза, што за Република Македонија е голема позитивност и доколку одговориме на овие предизвици самит еќе ги подотвориме вратата кон ЕУ и НАТО – рече професорот Пивоваров.

За тоа како граѓаните се информираат и креираат слика за бегалците и целата криза на дебатата говореше активистот Кастриот Реџепи.

Граѓаните преку медиумите се запознаени со маките на бегалците и секојдневно имаме контакти на луѓе кои сакаат да донираат, да дојдат да волонтираат и помогнат и во глобална точка помошта е тука и сакаат што повеќе да им се помогне на овие бегалци – вели Реџепи.

За тоа како Куманово се справува со бегалската криза говореше новинарката на „Радио Слободна Европа“, Светлана Антиќ Јовчевска која оваа криза најпрвин ја спореди со кризата од 1999 година.

Оваа бегалска криза или емиграција на луѓето од овие далечни земји за кои не сме ни сонувале дека ќе дојдат тука, а можеби и тие исто, можеби не знаат каде се наоѓаат, едноставно имаат зацртано нешто или некој ги координира и насочува. Македонија не беше подготвена и слепо се однесуваше. Пред неколку години населението од липковско повикуваше новинари и тие жители анонимно разговараа не сакаа да се покажат затоа што во липковските села имаше многу луѓе мажи млади кои доаѓаа по црни патишта, остануваа таму, некои од жителите им земаа пари и им издаваа куќи. Сега кога се органзиираше се, кога се направи коридор, кога се појавијва хуманитарните организации и кога се вклучи Министерството за внатрешни работи многу е поразлично, така треба да биде, но тоа требаше да се случи од почеток – вели Антиќ Јовчевска.

Вакви дискусии ќе се одвиваат до август 2016, а целта на истите е да се види какви реакции имаат граѓаните за глобални теми, но од локална перспектива.